Околу возачките дозволи, ги известуваме граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Министерството за внатрешни работи вели дека ќе постапува согласно закон и апелира граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија.

