2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТГрција го зголемува инвестицискиот праг за златни визи за странците

Грција го зголемува инвестицискиот праг за златни визи за странците

Грција ќе го услови издавањето „златни визи“ за странците со поголеми инвестиции во недвижности во градовите и островите, каде побарувачката е голема, изјави во петокот премиерот Киријакос Мицотакис.

Грција ја воведе програмата „златна виза“ во 2014 година, нудејќи им на странците петгодишна дозвола за престој, со можност за продолжување, доколку инвестираат најмалку 250.000 евра во недвижен имот.

Минатата година, прагот беше зголемен на 500.000 евра за инвестиции во недвижнини во одредени делови на Атина и Солун и на островите Миконос и Санторини, главните туристички дестинации.

Говорејќи во парламентот во петокот, Мицотакис рече дека владата размислува за постојано зголемување на прагот за одредени урбани области и за острови, без да прецизира на кои места.

„Разговараме со министерот за финансии за повторното значително зголемување на инвестицискиот праг за „златната виза“ и мислам дека многу брзо ќе излеземе со одлука“, рече Мицотакис.

Прагот може да достигне 800.000 евра, додаде грчкиот премиер.

Од 2018 година, Грција има издадено нешто повеќе од 17.500 златни визи, според најновите достапни податоци од Министерството за миграција, при што 61 отсто од нив се наменети за кинески државјани.

Покрај престојот во Грција, „златната виза“ овозможува и патување во Шенген зоната во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП