3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСеверна и Јужна Кореја раскинаа

Северна и Јужна Кореја раскинаа

Врховното народно собрание на Северна Кореја се изјасни за откажување на сите договори за унапредување на економската соработка потпишани со Јужна Кореја.

Одлуката беше одобрена за време на 30-от пленарен состанок на Постојаниот комитет на Врховното национално собрание, односно парламентот на Северна Кореја.

Уредбата вклучува укинување на законот за економска соработка, вклучувајќи го и специјалниот закон за работа на туристичкиот проект „Планина Кумганг“.

Посетите на оваа планина го симболизираа почетокот на економската соработка меѓу двете Кореи во раните 2000-ти и привлекоа речиси два милиони посетители од Јужна Кореја.

Потегот на Пјонгјанг дојде откако Сеул го прогласи за „примарен непријател“ поради тензиите на Корејскиот полуостров. Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун минатиот месец сугерираше дека Пјонгјанг ќе ги редефинира односите со Сеул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП