28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНадела: Microsoft до 2025 година ќе научи два милиони индијци да користат...

Надела: Microsoft до 2025 година ќе научи два милиони индијци да користат вештачка интелигенција

Американскиот технолошки гигант Microsoft објави дека до 2025 година ќе научи два милиони граѓани на Индија да користат алатки за вештачка интелигенција (AI), како дел од иницијативата ADVANTA(I)GE INDIA.

Лансирањето на програмата го најави извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела за време на официјалното патување во Индија.

Надела, кој е по потекло од Индија, за време на посетата ги повика компаниите да користат вештачка интелигенција за да ја зголемат продуктивноста и да го подобрат квалитетот на производите.

Microsoft проценува дека 90 отсто од индиските извршни директори велат дека очекуваат вештини поврзани со вештачката интелигенција од нивните идни вработувања, додека 78 отсто од индиските работници веруваат дека нивните вештини за вештачка интелигенција не се доволни за решавање на тековните проблеми.

Обуката ќе се спроведува преку локални центри за работа, курсеви за кариерно насочување, училишта, колеџи и универзитети и се очекува да опфати 500.000 урбани студенти и 400.000 ученици во оддалечените региони на Индија.

Покрај тоа, Microsoft ќе обезбеди длабинска обука за 100.000 млади жени.

Microsoft, исто така, планира да ги подобри вештините за вештачка интелигенција на 250.000 индиски владини службеници и да создаде можности за 2.500 непрофитни организации кои за возврат ќе можат да обучат уште 750.000 млади луѓе да работат со вештачка интелигенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП