28 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАПромената на личните документи се коси со човековите права – Хелсиншки предупредува...

Промената на личните документи се коси со човековите права – Хелсиншки предупредува дека бројни граѓани нема да можат да се вратат дома

Околу еден милион граѓани нема да можат да го уживаат своето уставно и основно човеково право на слободно движење, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права, со оглед на тоа што до 12 февруари граѓаните треба да ги заменат личните документи поради промена на името на државата, а согласно обврската преземена со Договорот од Преспа.

Од Хелсиншкиот комитет истакнуваат дека огромен број граѓани не успеаја да извадат нови патни исправи до овој датум, а со стари патни исправи ќе останат и бројни македонски државјани коишто се во странство и нема да можат да се вратат дома.

„Едните се заробени во сопствената држава, а другите нема да можат да се вратат. Ваквата неорганизираност влијае на илјадници наши сограѓани и доведува до елементарно прекршување на правата на граѓаните кои од различни причини имаат потреба да излезат од границите на државата. Постапките за вадење на лични документи во овој момент се долги, хаотични и освен повреда на достоинството предизвикуваат реална штета од материјална и од нематеријална природа“, велат од Хелсиншки.

Поради тоа, Хелсиншкиот комитет смета дека институциите на државата се однесуваат крајно понижувачки кон своите граѓани и тоа не само заради целиот хаос околу вадењето на документите, туку и во однос на прекршувањето на уставните права на граѓаните.

Хелсиншкиот комитет за човекови права бара надлежните институции во најбрз можен рок да изнајдат соодветни решенија и да ја амортизиираат штетата што им ја предизвикуваат на граѓаните.

Министерство за внатрешни работи, како што се наведува, треба веднаш за ја реорганизира свјата работа и да обезбеди услови за вадење на биометриски патни исправи, лични карти во разумен рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП