3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПодгответе се за големи гужви кај Солун летово: Се знае колку ќе...

Подгответе се за големи гужви кај Солун летово: Се знае колку ќе траат работите на обиколницата

Како што објави порталот Грчка инфо, во тек се крупни работи на проектот „Flyover“ кој се изведува на обиколницата околу Солун, а според овој портал ќе трае околу четири години, а можеби и подолго.

„Гужвите на обиколницата започнаа сериозно, па можно е на туристите летоска да им треба малку повеќе трпение на овој дел од патот, особено на оние кои ќе летуваат на Халкидики, но и на другите кои планираат да го посетат Солун во текот на нивниот одмор“, наведува овој портал.

Од Грчка инфо посочуваат дека за одреден период алтернатива на обиколницата, како и во минатото, ќе биде да се оди преку индустриската зона и центарот на градот, на улиците Игнација или Никис покрај море.

„Многу туристи ни пишуваат дека досега на Халкидики патувале исклучиво низ центарот и веднаш покрај улицата покрај море, па веруваме дека тоа нема да биде голем проблем. Добрата вест е што улицата Игнација конечно е расчистена и во неа нема повеќе работи и сега сите коловозни ленти се слободни за возење. „И на улицата Цимицки и авенијата Никис (која се протега покрај морето до плоштадот Аристотелес и Белата кула) полицијата постојано дежура и им забранува на возачите да застанат за да се забрза сообраќајот“, додаваат оттаму.

Посочуваат и дека засега треба да се избегнува преминување на обиколницата во шпиц – наутро во периодот од 7 до 10:30 часот и попладне од 15 до 19 часот.

„Иако во моментов се гради само мал дел од патот, тоа не ги спречува огромните редици и застојот во сообраќајот кои предизвикуваат голема нервоза кај возачите. За околу четири години, со проектот „Flyover“ Солун ќе добие нов бесплатен автопат, кој ќе придонесе за решавање на проблемот со сообраќајот во градот. Сегашната солунска обиколница „Ring Road“ е долга 31 километар“, пишува Грчка инфо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП