3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПадна историска одлука: Ќе исплаќаат дивиденда

Падна историска одлука: Ќе исплаќаат дивиденда

Матичната компанија на Фејсбук – Мета на акционерите ќе им исплаќа квартална награда во износ од 50 центи по акција.

По објавувањето на таа информација како и одличните резултати во последниот квартал од минатата година, вредноста на акцијата на Мета пораснала за цели 18 отсто.

Мета, покрај исплатата на квартална дивиденда, најави и зголемување на програмата за откуп на акции за 50 милијарди долари.

„Ова беше клучна година за нашата компанија“, рече директорката на Мета, Сузан Ли, додека компанијата им презентираше на инвеститорите долгорочни планови кои вклучуваат поголеми инвестиции во вештачката интелигенција, метаверзумот и инфраструктурата.

Мета, инаку, работи на воведување „Асистенти за вештачка интелигенција“ за корисниците, креаторите на содржина и огласувачите низ целата платформа, а користи и вештачка интелигенција за поефективно рекламирање.

„Не очекуваме нашите производи на Gen AI да бидат значителен двигател на приходите во 2024 година“, рече Ли, додавајќи дека ова е најдобрата „можност за монетизација на алатките за рекламирање“.

Компанијата проценува дека капиталните инвестиции годинава ќе изнесуваат од 30 до 37 милијарди долари, што е зголемување за две милијарди во однос на претходните очекувања.

Приходите на Мета се зголемија за една четвртина во последниот квартал на 40,1 милијарди долари, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите. Нето приходот скокна за 201 отсто на 14 милијарди долари, надминувајќи го консензусот на аналитичарите од 13 милијарди долари.

Мета во првиот квартал очекува приходи меѓу 34,5 и 37 милијарди долари, а во исто време е под силен правен и политички притисок во САД поради сомневање за несоодветна заштита на децата од штетни содржини на своите платформи, потсетува Пословни дневник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП