2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустријата во слободен пад!

Индустријата во слободен пад!

Најголемите индустриски сектори во последниот месец од годината испорачаа намалување на производството. Државните статистичари пресметаа дека на годишно ниво има намалување на индустриското производство за речиси шест отсто. 

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, бележи опаѓање од три отсто, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 3.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 23.2%. Бизнисот апелира веќе подолг временски период дека работите во економијата во Македонија не одат на добро. Власта се обидува со серија на мерки да интервенира, но засега земјава е далеку од излез на кризниот период, барем што се однесува до бизнис климата.

Загрижува фактот што секторот со најголем број на вработени во државата, а тоа е Преработувачката индустрија е во негатива. Намалување на производството е забележано кај производството на прехранбени производи, производството на облека, производство на фармацевски производи и препарати. Интересен е податокот дека во декември 2023 во однос на декември лани има налалување на производството на храна од речиси 14 отсто. Но, ако се погледнат бројќите ќе се утврди дека секторот енергетика испорачал намалено производство од цели 23,9 отсто.  

„Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, бележи опаѓање од 3.0%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 3.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 23.2%. Според главните индустриски групи, производството во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, бележи опаѓање кај Енергија за 23.9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 9.9%, Трајни производи за широка потрошувачка за 1.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.4%, додека пораст бележи кај Капитални производи за 22.6%.“ – Се наведува во извештајот на ДЗС

Бизнис секторот на неколку пати апелираше до надлежните да добие посериозна помош од државата, се со цел да се задржи ликвидноста на приватниот сектор. Во претходниот период беа актуелни мерки за граѓаните за подобрување на куповната моќ, бизнисот доби поддршка во делот на исплата на плати, но стопанствениците сметаат дека тое е премалку за да се опстане во една ваква ситуација. Евтините кредити како што ги именува власта се доволен стимул за развој на економијата, велат од Илинденска, а досуштински мерки нема за приватниот сектор со образложение дека земјава е веќе излезена од кризна состојба. Што се однесува до најголемата мака на македонската, но се повеќе и на глобалната економија, а тоа секако е работниот кадар, може да се констатира дека има благо зголемување на бројот на работници во индустријата од речиси четири отсто. Тоа е премалку за период кога традиционално на крајот на една година, во случајот декември, индустријата испорачува зголемено производство.

И.П.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП