2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПородолжува да расте незадоволството на клиентите на „iPhone 15 Pro“

Породолжува да расте незадоволството на клиентите на „iPhone 15 Pro“

Иако „Apple“ нуди подобрувања на корисниците кои ќе изберат да го купат „Pro“ наместо основните модели на „iPhone“, како што е титаниумската шасија на последната серија телефони, овој пат тоа не беше доволно за добар фидбек.

Имено, незадоволството на клиентите од моделите на „iPhone 15 Pro“ продолжува да расте, при што овие телефони добиваат полоши повратни информации во споредба со „обичните“ поевтини модели на „Apple“.

Најновата анкета на корисниците, која вклучува повеќе од 700 илјади прегледи на корисниците на „Google“, покажува дека се повеќе купувачи на моделот „iPhone 15 Pro“ почнале да истакнуваат различни аспекти на разочарување од направеното купување.

Ажурираните податоци од компанијата „PerfectRec“, која се занимава со препораки за производи врз основа на анкети на луѓе и обработка на ВИ на нивните одговори, покажуваат рекордно лоши податоци за „Apple“. Меѓу нив има информации дека најновиот „iPhone 15 Pro“ има најниска оценка за задоволство на корисниците од кој било премиум модел на „iPhone“ што бил пред него, со оценки на корисници со пет ѕвездички паднати на 68 проценти од октомври 2023-та година.

„Истражување за задоволството на клиентите во серија на „iPhone 15“ од октомври 2023-та година покажа дека „iPhone 15 Pro“ има најниска оценка за задоволство на клиентите од кој било премиум модел на „iPhone“ досега. Оттогаш, процентот на корисници кои го оценуваат „iPhone 15 Pro“ со пет ѕвезди е намален од 72 на 68 проценти“, истакнуваат од компанијата.

Меѓу многуте поплаки за овие телефони е невообичаено слабото траење на батеријата, како и испакнатите задни камери кои спречија уредите да бидат целосно рамни. Други поплаки вклучуваат недостаток на атрактивни надградби во споредба со моделите „iPhone 14 Pro“ и „iPhone 14 Pro Max“.

Промоделите, сепак, не беа единствените кои забележаа пораст на незадоволството на клиентите од линијата „iPhone 15“ во јануари. Процентот на клиенти кои оставаат рецензии со пет ѕвезди е намален за секој модел од најновата телефонска линија на „Apple“ од декември.

„iPhone 15 Plus“, кој е генерално најдобро оценет модел од оваа генерација, забележа најголем пад на задоволство од месец во месец. Сепак, намалувањето на задоволството на последователно месечно ниво е статистички значајно за сите модели од серијата „iPhone 15“ (p <0,05 користејќи го тестот за пропорција), посочуваат од компанијата.

Со оглед на овие резултати, корисниците на основните телефони „iPhone 15“ и „iPhone 15 Plus“ на некој начин го претпочитаат нивното купување во споредба со оние кои се префрлија од основни уреди на поскапите модели „Pro“. Оценките за пет ѕвездички за „iPhone 15“ во јануари 2024-та година е 78 проценти, додека „iPhone 15 Plus“ има 73,5 проценти, што е повеќе од вредностите постигнати од „iPhone 15 Pro“ и „iPhone 15 Pro Max“.

Можеби идните софтверски надградби што „Apple“ ги обезбедува за оваа серија на уреди ќе го подобрат корисничкото искуство, но може да помине некое време пред да се променат прегледите, а дотогаш, некои сопственици можеби едноставно нема да се мачат со промените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП