5 мај, 2024
ПочетнаСВЕТРаиси му одговори на Бајден: „Иран нема да започне војна, но ќе...

Раиси му одговори на Бајден: „Иран нема да започне војна, но ќе одговори на насилниците“

Иран нема да започне војна, но „силно ќе одговори“ на секој што ќе се обиде да го малтретира, изјави денеска иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

-Нема да започнеме никаква војна, но ако некој сака да не малтретира, ќе добие силен одговор – рече Раиси во телевизискиот говор.

Според него, Вашингтон ја променил својата реторика и сега тврди дека нема намера да се судри со Иран, иако претходно предупреди дека на маса е воена опција.

-Претходно, кога тие (Американците) сакаа да разговараат со нас, рекоа дека воената опција е на маса. Сега велат дека немаат намера да се судрат со Иран – рече Раиси.

Иранскиот претседател нагласи дека Техеран не е закана за ниту една земја во регионот.

Си-Би-Ес Њуз вчера објави, цитирајќи американски официјални претставници, дека САД одобриле планови за повеќедневни напади врз повеќе цели во Ирак и Сирија, вклучително и напади врз ирански персонал и објекти во тие земји.

Ројтерс претходно објави, повикувајќи се на изјави на четворица американски официјални лица, дека САД процениле дека Иран изградил беспилотно летало што изврши напад врз американската база Тауер 22 на границата меѓу Сирија и Јордан минатата сабота, при што загинаа тројца, а беа повредени повеќе од 40 американски војници.

Изворите додаваат дека елитната иранска Револуционерна гарда ги повлекува високите офицери од Сирија.

Исламскиот отпор во Ирак, кровна група на неколку вооружени ирачки милитантни фракции поддржани од Иран, ја презеде одговорноста за нападите на јорданско-сириската граница, вклучително и нападот со беспилотно летало врз американската воена база.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП