27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекорд на Amazon, приход од 170 милијарди долари во последниот квартал од...

Рекорд на Amazon, приход од 170 милијарди долари во последниот квартал од минатата година

Amazon објави резултати за четвртиот квартал од 2023 година кои ги надминаа проценките на аналитичарите, а вредноста на акциите на технолошкиот гигант порасна за повеќе од осум отсто во продолженото тргување на Њујоршката берза, објави CNBC.

Во оваа прилика компанијата објави дека очекува приходот во првиот квартал од оваа година да биде меѓу 138 милијарди и 143,5 милијарди долари, што претставува раст од осум до 13 отсто. Аналитичарите очекуваа приход од 142,1 милијарди долари.

Нето приходот се зголеми на 10,6 милијарди долари, или долар по акција, во четвртиот квартал од 2023 година, во споредба со 278 милиони долари, или три центи по акција, една година порано.

Компанијата укина 27.000 работни места помеѓу крајот на 2022 и средината на 2023 година и продолжи да бара начини за намалување на трошоците во други области, вклучувајќи ги Prime Video, MGM Studios и Twitch, се вели во анализата на CNBC.

Финансискиот директор на Amazon, Брајан Олсавски во четвртокот им рече на новинарите дека компанијата ќе продолжи внимателно да пристапува кон новите инвестиции, но дека тој не ја гледа 2024 година како година на штедење.

„Ќе продолжиме да инвестираме во нови области и „работи“ кои одекнуваат кај клиентите“, рече Олсавски, додавајќи дека „таму каде што можеме да најдеме ефикасност и да направиме повеќе со помалку, тоа ќе го направиме“.

Приходите скокнаа за 14 отсто на 170 милијарди долари во четвртиот квартал од 2023 година. Периодот ги одразува резултатите од празничната сезона на шопинг и настанот на Амазон во октомврискиот Prime Day, за кој компанијата рече дека ги надмина нејзините очекувања.

„Овој четврти квартал беше рекордна сезона на празнични шопинзи и ја затвори силната 2023 година за Амазон“, се вели во соопштението на компанијата, додавајќи дека тие имаат „многу причини да бидат возбудени“ понатаму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП