2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWall Street: Акциите на Apple тонат поради Huawei

Wall Street: Акциите на Apple тонат поради Huawei

Apple објави дека генерирал 119,6 милијарди долари во продажба и 33,92 милијарди долари профит во првиот квартал од својата фискална година, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите, но цената на акциите сепак падна, бидејќи инвеститорите биле разочарани од приходите од продажба на кинескиот пазар на паметни телефони, глобално најконкурентниот, каде што се соочува со конкуренција од Huawei.

Продажбата на Apple се зголеми во последниот квартал од минатата година за 2 отсто во однос на истиот период претходната година, со што компанијата го запре падот на продажбата по четири квартали, благодарение на продажбата на iPhone 15. Истовремено, профитот се зголеми за 13 отсто.

Приходите од продажбата на iPhone во тој период достигнаа 69,7 милијарди долари или 6 отсто повеќе во однос на истиот период претходната година, а тоа е повеќе од очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа продажба од 67,82 милијарди долари. Сепак, на кинескиот пазар, продажбата на тој најпрепознатлив производ на Apple достигна 20,82 милијарди долари, што е речиси три милијарди под очекувањата на аналитичарите.

„Задоволни сме со растот на приходите на iPhone од 6 отсто. Особено силен, двоцифрен раст на продажбата беше на пазарите во развој, со исклучок на Кина, и на тие пазари iPhone работи добро. Кина е најконкурентниот пазар на паметни телефони во светот и тоа не се промени“, изјави извршниот директор на Apple Тим Кук во интервју за Ројтерс.

Цената на акцијата на Apple падна за 1,2 отсто по објавувањето на деловните резултати. Во јануари Microsoft го засени Apple како највредна компанија во светот, додека инвеститорите веруваат дека Apple заостанува во трката за употреба на вештачка интелигенција во споредба со другите технолошки гиганти од Wall Street.

Акциите на Apple паднаа за повеќе од 3 отсто од почетокот на 2024 година, во споредба со 2 отсто добивка за S&P 500. Counterpoint Research објави дека испораките на iPhone во Кина паднале во текот на кварталот, бидејќи кинеските потрошувачи барале нови телефони и мобилни телефони на склопување од Huawei, кој повторно го освои пазарот со водечкиот телефон напојуван со чип од домашно производство.

Apple исто така објави дека има 2,2 милијарди активни уреди ширум светот, што е за 200 милиони повеќе отколку на крајот на 2022 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП