1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск ја преместува Тесла од Делавер во Тексас: Никогаш не отворајте компанија...

Маск ја преместува Тесла од Делавер во Тексас: Никогаш не отворајте компанија во оваа држава

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, изјави денеска дека компанијата веднаш ќе започне со гласање на акционерите за преместување на компанијата од американската сојузна држава Делавер во Тексас, поради одлуката на судот во Делавер да ја откаже исплатата на Тесла на Маск во износ од околу 56 милијарди долари.

„Никогаш не отворајте компанија во државата Делавер“, објави Маск на социјалните мрежи по пресудата.

Во 2018 година, компанијата Тесла неправедно му ја платила наведената сума на својот извршен директор, одлучи судот во американската сојузна држава Делавер, наведувајќи дека станува збор за „неразбирлива сума“ која е неправедна кон акционерите, објави Би-Би-Си.

Пресудата значи дека Маск не може да го задржи споменатиот пакет за компензација, но сепак има право на жалба на пресудата, пренесува TechCrunch.

Судијката Кетлин Мекормик во образложението на пресудата напиша дека компанијата Тесла „го понесе товарот да докаже дека планот за компензација е праведен“, но дека не успеала да го убеди судот дека споменатата отштета е соодветна.

Директорите на Тесла за време на судењето тврдеа дека компанијата му платила на Маск голема сума за да се осигура дека еден од најдинамичните светски претприемачи ќе продолжи да биде посветен на компанијата, пренесува Би-Би-Си.

Судијката Мекормик, сепак, изјави дека адвокатите на Тесла и Маск не можеле да докажат дека акционерите ги имале сите достапни информации при гласањето и дека самиот Маск имал „цврсти врски“ со луѓето кои биле задолжени да преговараат во име на Тесла.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП