27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААстероид со големина на Empire State Building ќе прелета покрај Земјата во...

Астероид со големина на Empire State Building ќе прелета покрај Земјата во петок

Астероидот 2008 OS7 за малку ќе ја промаши Земјата во блиска средба на 2 февруари. Иако се смета за потенцијално опасен, астрономите истакнуваат дека нема причина за загриженост, бидејќи покрај нашата планета ќе помине на безбедно растојание од околу 2,8 милиони километри.

Европската вселенска агенција (ESSA) објави дека според постоечките проценки, астероидот е со дијаметар помеѓу 210 и 480 метри.

Ова небесно тело, кое прави целосен круг околу Сонцето на секои 2,6 години, е дел од таканаречената група на астероиди Аполо. Таа група на небесни тела се среќава со орбитата на нашата планета, но и со планетите Венера и Меркур.

Какви се шансите астероид да удри во Земјата?

Иако 2008 OS7 е означен како „потенцијално опасен“, тоа е ознака дадена на секој вселенски објект што се приближува до Земјата на помалку од 19,5 лунарни единици (земјиното растојание од Месечината) и има дијаметар поголем од 100 до 150 метри.

ESSA пишува дека многу астрономи веруваат дека е само прашање на време кога астероид навистина ќе удри во Земјата.

Професорот Алан Фицсимонс од Центарот за астрофизички истражувања на Универзитетот Квин Мери во Лондон вели дека е многу полесно да се детектираат поголеми објекти, кои потенцијално би можеле да претставуваат закана за нашата планета, во споредба со помалите, но во секој случај тоа е првиот чекор. Вистинското прашање, според Фицсимонс, е дали ќе бидеме „подготвени да преземеме акција“ кога ќе биде потребно.

„Можеме со 95 проценти сигурност да предвидиме дека во следните неколку векови, катастрофа слична на онаа што ги збриша диносаурусите е малку веројатна“, вели астрономот.

Сепак, тоа не ја исклучува можноста за судир со помало небесно тело. Астероид со пречник од само стотина метри може да предизвика голема штета доколку удри во Земјата, а откривањето на такви тела е неверојатно тешко. На пример, неодамна мал астероид беше забележан само неколку часа пред да експлодира над Берлин.

Според Европската вселенска агенција, дури 99 отсто од астероидите блиску до Земјата со дијаметар помал од 30 метри се уште не се откриени. Колку е помала карпата, толку мора да биде поблиску до атмосферата за научниците да ја откријат.

Во некои случаи, тие се заматени од сончевата светлина, што беше случај со метеорот што експлодираше над Челјабинск, Русија во 2013 година. Од тој удар биле скршени многу прозорци, а повеќе од 1.600 луѓе биле повредени.

Вселенските агенции ширум светот работат на нови технологии за откривање на астероиди пред да стапат во контакт со Земјата, а една од најнапредните е дел од сателитот Surveyor на НАСА, кој треба да биде лансиран во 2027 година.

Од следната година опсерваторијата „Vera C. Rubin“ од Чиле треба да започне со ново каталогизирање на Сончевиот систем, што треба да помогне во ловот на астероиди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП