
Уште еден мал таблет со „Windows“ 8.1 пристигнува од „Lenovо“. Станува збор за уредот „Miix 2“ кој доаѓа со екран од дијагонала од осум инчи.


Уште еден мал таблет со „Windows“ 8.1 пристигнува од „Lenovо“. Станува збор за уредот „Miix 2“ кој доаѓа со екран од дијагонала од осум инчи.
Таблетот е заснован на процесор со четири јадра на „Intel – Atom“ од генерацијата „Bay Trail“, има 2 GB RAM, a ќе биде достапен во верзии со 32 и 64 GB меморија. Резолуцијата на екранот е 1.280 x 800 пиксели, дебелината на куќиштето изнесува само 8,35 mm, додека пак неговата тежина е само 350 грама. Резолуцијата на задната камера изнесува пет мегапиксели, а пак на предната два мегапиксели. Траењето на батеријата е декларирано на седум часа, а таблетот доаѓа со компатибилен „Windows“ со сите достапни x86 апликации (нормално, зависно од хардверските барања).
Продажната цена на таблетот за американскиот пазар е 300 долари, а во цената е вклучен и „Office Home & Student 2013“. За дополнителни 50 долари може да се добие верзијата од 64 гигабајти, а за 20 долари (заедно) се добива „stylus“ и штанд кој воедно може да послужи како сталка за таблетот. Испораката ќе започне кон крајот на месецот.