2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Xiaomi“ подготвува нов „ѕвер“, еве кога пристигнува!

„Xiaomi“ подготвува нов „ѕвер“, еве кога пристигнува!

„Xiaomi 13 Ultra“ беше претставен во Кина минатиот април, а се чини дека неговиот наследник ќе дебитира уште порано во годината.

Неколку кинески медиуми наведуваат дека „Xiaomi 14 Ultra“ ќе се појави веќе во февруари.

Не знаеме многу за овој телефон од официјалните информации, но некои сигурни инсајдери објавија спецификации, а тие обично подоцна излегуваат точни.

Судејќи според тие информации, „Xiaomi 14 Ultra“ најверојатно ќе има титаниумска рамка. Понатаму, ќе има леќи за камера „Leica Summilux“, а резолуцијата ќе биде 50 MP за главниот и ултра-широк, како и два телефото сензори, како што објави веб-страницата „Gizmochina“.

Наводно ќе има чипсет Snapdragon 8 Gen 3 и батерија со капацитет од 5.180 mAh, која поддржува безжично полнење до 50 W и полнење со кабел до 90 W.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП