9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИнвазија на Европа: Доаѓаат кинески конкуренти на „Defender“ и „G-Class“ (ФОТО)

Инвазија на Европа: Доаѓаат кинески конкуренти на „Defender“ и „G-Class“ (ФОТО)

Се чини дека Кинезите имаат голема самодоверба. „Bloomberg“ и „Automotive News Europe“ објавија дека „BYD“ би можел да лансира SUV во Европа за да се натпреварува со „G“-класата на „Mercedes“ и „Defender“ на „Land Rover“.

Имено, „BYD“ размислува за извоз на моделите „YangWang U8“ и „Fang Cheng Bao 5“ во Европа, изјавија раководителите на компанијата за време на прес-презентацијата во Шенжен.

Идејата е „U8“ да се претстави на саемот во Женева. Луксузен теренец во Кина чини околу 140.000 евра. Се напојува од електричен погон со батерија од 49 kWh, но има и бензински мотор кој служи за зголемување на досегот и се споменува вкупна автономија на возење од 1.000 km.

Теренските способности на „U8“ се зајакнати со технолошко решение со по еден електричен мотор на секое тркало, што му овозможува да се заврти на своето место како тенк и да се „лизга“ настрана до паркинг простор.

„BYD“ дури тврди дека возилото може да лебди во вода половина час и покрај тоа што тежи 3,5 тони!

„Bao 5“, од друга страна, е опремен со „plug-in“ хибриден погон. Почетната цена е околу 40.000 евра, што го прави попристапен од слични модели како што се „Ford Bronco“ и „Land Rover Defender“.

„BYD“ моментално продава 5 модели во Европа – хечбекот „Dolphin“, седаните „Seal“ и „Han“ и теренците „Atto 3“ и „Tang“.

Портпаролот на компанијата потврди дека брендот „Denza“, кој е 10 отсто во сопственост на групацијата „Mercedes-Benz“, ќе влезе на европскиот пазар во последниот квартал од оваа година.

Амбициите на „BYD“ во Европа растат со плановите за изградба на фабрика во Унгарија со почетен капацитет од 200.000 автомобили годишно.

„BYD“ има за цел да биде меѓу првите пет брендови во однос на продажбата во Европа до 2030-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП