5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнализа: Колкави приходи од камати остварија трите најголеми банки во 2023 година

Анализа: Колкави приходи од камати остварија трите најголеми банки во 2023 година

Неодамна, на сајтот на македонската берза трите најголеми банки ги објавија билансите од своето работење за изминатата 2023 година.

Денар направи анализа на работењето на трите најголеми банки во Македонија, Комерцијална банка, НЛБ Банка и Стопанска банка АД Скопје.

Трите најголеми банки вкупно остварија 166 милиони евра нето добивка за 2023 година.

Стопанска банка оствари нето добивка на износ од 3.469.061 илјади денари(56 милиони евра), Комерцијална банка 3.581.433 илјади денари(58 милиони евра) и НЛБ банка со нето добивка од 3.216.860 илјади денари(52 милиони евра).

Комерцијална банка е најголема банка по билансна сума во Македонија со 163.606.647 илјади денари, втора е Стопанска банка АД Скопје со 131.762.143 илјади денари и трета е НЛБ Банка со 116.406.661 илјади денари.

Високата добивка на Стопанска банка произлегува од остварените високи приходи од камата во бруто износ од 6.204.924 илјади денари или нето каматни приходи од 5.734.319 илјади денари во 2023 година. Нето приходите од камати на НЛБ Банка изнесуваат 3.970.355 илјади денари, а на Комерцијална банка 5.206.652 илјади денари.

Кога се анализира билансот на состојба на Стопанска банка, се доаѓа до заклучок дека Стопанска банка е банка која најмногу кредитира во нашата земја.

Износот кој Стопанска банка го побарува од кредитокорисниците(физички и правни лица) на 31.12.2023 изнесува 92.307.084 илјади денари или кредитите учествуваат со 70,05 отсто во структурата на активата на Стопанска банка. Во НЛБ банка кредитите во активата учествуваат со процент од 63,63 отсто, а во Комерцијална банка со 36,80 отсто.

Депозитите од комитентите се најголем извор на средства во трите банки и во пасивата на банките учествуваат со најголем процент.

Депозитите во Комерцијална банка учествуваат со 87,12 проценти во пасивата на банката, во НЛБ банка со 79,48 отсто, и во Стопанска со 76,24 отсто.

Стопанска банка од депозитите, 91,88 отсто пласира во кредити, НЛБ банка 80,06 отсто и Комерцијална банка 42,23 отсто.

Високиот пораст на каматните приходи на банките во 2023 година е резултат на високиот пораст на каматните стапки на сите видови пласмани во однос на претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП