3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКара5 прославува 10 години пионерски прогрес

Кара5 прославува 10 години пионерски прогрес

Кара5, македонскиот дигитален првак познат како двигател на дигиталната еволуција низ Швајцарија, Австрија, како и во други држави ширум светот, со гордост ја најавува својата 10-годишнина под мотото 10 години пионерски прогрес.

Во текот на своето децениско патување, Кара5 е во првите редови на дигиталната трансформација, обезбедувајќи иновативни дигитални решенија кои значително придонесоа за растот и развојот на бизнисите на бројни партнери од разни индустрии. Континуираниот раст од над 30% од година во година го отсликува успехот на агенцијата, вбројувајќи ја во првите 2% најуспешни македонски компании.

Прославата на 10-годишнината не е само ретроспектива на минатото, туку е и поглед кон иднината. Ја слави посветеноста на агенцијата на пионерски дигитални решенија за значителен прогрес, ширум светот. Значаен белег на ова децениско патување е отворањето на нивната нова канцеларија во Њујорк, САД – клучна за зголемување на глобалниот успех на Кара5.


„Пред десет години, со голем ентузијазам тргнавме на патување да го револуционизираме дигиталниот свет. Една деценија како предизвиците ги претвораме во победи благодарениe на постојаното иновирање и тимската посветеност. Денес сме горди на нашето патување, благодарни за поддршката на нашиот тим и довербата од нашите клиенти. Да наздравиме за деценија пионерски прогрес – пред нас ни претстои златнатa доба,“ изјави Војдан, извршниот директор на Кара5.

Прославата е во чест на сите пријатели, клиенти, партнери и соработници, нови и стари, кои ја поддржаа нашата работа низ десетте години на пионерски прогрес. Огромна благодарност до сите Вас!

Искрено Ваш,

01001011 01100001 01110010 01100001 00110101

(бинарниот код за Кара5)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП