„Audi“ уште еднаш го подобри својот „SUV“ со освежен дизајн и уште подобра технологија. Обновениот надворешен дизајн носи нова предна табла и фарови, како и рестилизиран заден дел од возилото.
„Патувањето“ на „Audi Q7“ започна во 2003-та година со концепт автомобил наречен „Audi Pikes Peak quattro“ на Северноамериканскиот меѓународен саем за автомобили. Замислен како „SUV“ погоден за возење на сите патишта и умерена употреба надвор од патот, тој е присутен на пазарот веќе 18 години како еден од главните столбови на германскиот производител.
Првиот „SUV“ на марката со четири прстени беше претставен како сериски модел на Саемот за автомобили во Франкфурт (IAA) во 2005-та година. Наследникот ќе пристигне во 2015-та година, а ова е втор фејслифт на актуелниот модел, по оној од 2019-та година.
Променетиот однос помеѓу контурите на предната решетка и фаровите, сега поставени повисоко, создава сосема нов изглед на предниот дел на возилото што јасно го истакнува моќниот изглед на новиот „Q7“.
„Audi“ систематски ги намалува декоративните елементи за да му даде на возилото уште појасен изглед. Со цел да се разликува основната верзија од надворешноста на линијата „S“ на прв поглед, делови од предниот браник, облогата на вратите и дифузорот на основниот модел доаѓаат во контрастни бои кои го нагласуваат робусниот изглед на „off-road“.
Надворешниот пакет „SQ7 TFSI“, „S“ линија се издвојува со силно нагласените странични доводи за воздух на предниот браник, давајќи му на возилото поспортски изглед.
Новите фарови со „HD Matrix LED“ технологија со ласери како дополнителна светлина, како и дигитални дневни светла поставени на горниот хоризонтален раб, му даваат на моделот „Q7“ уште поагресивен израз. Задниот дел има нови, „OLED“ стоп светла, кои се достапни за прв пат во „Q7“.
„LED“ фаровите се стандардни, додека „Matrix LED“ фаровите се достапни како опција. Достапни се и „HD Matrix LED“ светла со ласерско светло на „Audi“, кое станува активно со брзина поголема од 70 km/h и значително го зголемува опсегот на долгите светла.
Новина се дигиталните дневни светла. Тие му даваат на возилото препознатлив изглед со тоа што му дозволуваат на корисникот да избере еден од четирите различни светлосни потписи преку системот „MMI“.
Но, не е нова само проширената функционалност на светлата, туку и нивниот дизајн. Повисоката положба на дневните светла му дава на „Q7“ поширок изглед. За прв пат, „Q7“ има и дигитализирани „OLED“ задни светла како опционален додаток, кои исто така вклучуваат четири дигитални светлосни потписи.
Дополнително – како кај моделите „Audi A8“, „Q8“ и „Q5“ – дигиталните „OLED“ стоп светла имаат функција да ја означуваат близината на друго возило во рамките на системот за помош: Кога другите учесници во сообраќајот се приближуваат до „Audi Q7“ (кој не се движи), од задниот дел на растојание помало од два метри, контролните единици автоматски ги активираат сите сегменти на дигиталните „OLED“ светла.
Дополнителните функции вклучуваат динамични трепкачи.
Во зависност од положбата на потпирачите за грб на задните седишта, багажникот во верзијата со пет седишта нуди волумен од 867 литри (нагоре) и 1.993 литри (спуштени потпирачи).
Капакот на багажникот е стандардно управуван со електрична енергија и опционално може да се активира со движење на стапалото.
„Audi“ нуди и опционално задно „седиште плус“. Оваа функција овозможува индивидуално прилагодување на должината и аголот на потпирачот за грб на сите седишта и обезбедува доволно простор за три детски седишта.
Понудата вклучува широк асортиман на мотори од моделот „45 TDI quattro“ со трилитарски дизел мотор кој има моќност од 170 kW (231 ks). „Audi Q7 45 TDI“ забрзува од 0 до 100 km/h за 7,1 секунди.
Моделот „50 TDI quattro“ нуди 210 kW (286 ks) и вртежен момент од 600 Nm. Возилото забрзува од 0 до 100 km/h за 6,1 секунди и достигнува максимална брзина од 241 km/h.
„Audi Q7 55 TFSI“ има шестцилиндричен бензински мотор со зафатнина од три литри со директно вбризгување гориво што произведува 250 kW (340 ks).
На врвот на гамата е „SQ7“ со 4,0 V8 мотор од 373 kW (507 ks) и 770 Nm, кој достигнува 100 km/h за 4,1 секунди.
Рестилизираниот „Q7“ ќе пристигне во продажните салони во вториот квартал на 2024-та година, до кога ќе се знаат цените.