4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТТК Банка оствари силни финансиски резултати во 2023 година, добивката повисока за...

ТТК Банка оствари силни финансиски резултати во 2023 година, добивката повисока за 73 отсто

ТТК Банка АД Скопје за периодот јануари-декември 2023 година оствари добивка од 105,2 милиони денари, што претставува повисок резултат за 72,9 % во однос на истиот период минатата година.

Повисокиот финансиски резултат се должи, пред сè, на забрзаниот раст на оперативните приходи од 6,8 %, при контролиран раст на оперативните расходи од 3,3 %. Во истиот период, исправката на вредноста на финансиските средства на нетооснова изнесува 47,5 милиони денари. Во однос на финансискиот план, планираната добивка е остварена со 108 %.

Нето-приходите од камати во периодот од 1.1.2023 до 31.12.2023 година изнесуваат 307,5 милиони денари и во однос на планот се остварени со 107 %. Во однос на истиот период минатата година зголемени се за 58,4 мил. денари или 23,5 %.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 176,5 милиони денари, бележејќи годишен раст на приходите од провизија од 14,5 %. Најголемо учество во генерирањето на приходите од провизии имаат провизиите од домашниот платен промет, како и провизиите од картично работење, кои бележат пораст, во најголем дел, заради зголемените приходи од провизии од услугите реализирани преку проширената мрежа на банкомати и зголемениот обем на работењето со картички. Во однос на планот за овој период, нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 95 %.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 15,5 милиони денари и бележат годишен раст од 10,5 % како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар. Во однос на планот се остварени со 106 %.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 56,7 милиони денари како резултат, пред сẻ, на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземени средства. Во однос на планот истите се остварени со 97 %.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 386,8 милиони денари и се за 3,3 % повисоки во однос на истиот период минатата година, како резултат, во најголем дел, од повисоките трошоци за плати. Во однос на планот се остварени со 103 %.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП