Централната изборна комисија на Руската Федерација објави информации за имотот на претседателскиот кандидат и актуелен шеф на државата Владимир Путин.
Вкупниот приход на Путин за шест години изнесува нешто повеќе од 67 милиони рубљи или помалку од 700.000 евра. Според податоците на ЦИК, Путин поседува стан од 77 квадратни метри и гаража од 18 метри квадратни во родниот Санкт Петербург, како и три автомобили – ГАЗ М21 произведен во 1960 година и ГАЗ М21 произведен во 1965 година, додека третиот „ Лада Нива“ е произведена во 2009 година. Тој поседува и приколка „Skiff“ произведена во 1987 година.

