27 април, 2024
ПочетнаСВЕТИстражување: Учениците подобро учат кога пишуваат со рака отколку кога пишуваат на...

Истражување: Учениците подобро учат кога пишуваат со рака отколку кога пишуваат на тастатура

Рачното запишување нови информации му помага на вашиот мозок да ги запомни работите поефикасно отколку да ги пишувате на тастатура, откри новото истражување, што е во спротивност со вообичаената поврзаност на дигитализацијата со напредокот.

„Покажуваме дека при пишување со рака, шемите на поврзување на мозокот се многу посложени отколку при пишување на тастатура“, рече Одри ван дер Меер од Норвешкиот универзитет за наука и технологија и коавтор на студијата.

Познато е, наведува таа по тестирањето на 36 студенти, дека таквата обемна активност на поврзување во мозокот е клучна за формирање на меморијата и кодирање на нови информации и затоа е корисна за учење.

Пенкалото и хартијата, како и таблите, се повеќе се заменуваат со екрани во училиштата и универзитетите ширум светот, што е во погрешна насока и може да има негативно влијание врз учењето, пишуваат научниците.

Научниците, кои ја објавија студијата во списанието „Frontiers in Psychology“, апелираат децата „да бидат изложени на активности како што е пишувањето во училиште за да му обезбедат на мозокот оптимални услови за учење“.

Наодите доаѓаат по трендот на враќање на ракописот во некои училишта во САД и, велат истражувачите, треба да доведат до барем делумно враќање на ракописот во училиштата каде што опадна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП