„Maserati“ ќе претстави три нови електрични автомобили до 2030-та година, а првиот ќе биде Maserati MC20 Folgore, електрична верзија на познатиот модел на спортски автомобил, кој на пазарот ќе се појави во 2025-та година, објавено е на веб-страницата на италијанскиот производител.
Во 2027-ма година на купувачите ќе им биде понуден наследникот на кросоверот „Levante“, кој ќе добие ново име и чисто електричен погон.

