12 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПраќаат војска на граница: Започнува војна?

Праќаат војска на граница: Започнува војна?

Израелската армија „наскоро ќе започне операција“ на северот на земјата, на границата со Либан, каде што секојдневно разменува оган со Хезболах.

Ова денеска го изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.

Министерот ги информирал војниците распоредени во близина на границата со Појасот Газа дека ќе бидат испратени на северот на земјата.

„Наскоро ќе тргнат во акција, така што силите на север се засилени“, рече министерот и додаде дека резервистите ќе ги напуштат позициите за да се подготват за идните операции.

„Изгледите за војна се многу поголеми од претходно“

Началникот на израелскиот Генералштаб Херзи Халеви неодамна изјави дека изгледите за војна на северот на земјата „во следните месеци“ сега се „многу повисоки од порано“.

Повеќе од 200 луѓе се убиени во повеќе од тримесечни престрелки со Хезболах во Либан, според АФП. На израелска страна 15 загинати, од кои 9 војници и 6 цивили, според израелската армија.

Министерот рече и дека борците на Хамас во Појасот Газа немаат муниција и храна, но дека војната ќе трае со месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП