27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДури 5 астероиди итаат кон Земјата за само 4 дена! Еден од...

Дури 5 астероиди итаат кон Земјата за само 4 дена! Еден од нив е поголем од фудбалски стадион!

Пет астероиди во следните четири дена ќе поминат многу блиску до нашата планета, објави вселенската агенција НАСА.

Пет астероиди ќе прелетаат покрај Земјата во следните четири дена, објави американската вселенска агенција НАСА. На нивната веб-страница посветена на следење на астероидите, се наведени големините на овие објекти, како и најблиската близина до Земјата.

Најголемиот од нив е астероидот 2008OS7, кој е со големина на стадион, со пречник од 271 метар. Ќе прелета покрај нашата планета на 2 февруари, а најблиску што ќе се доближи е 2.850.000 километри.

Првиот од петте опасни астероиди (2007EG) според НАСА е со големина на авион, неговиот дијаметар е 40 метри, а најблискиот пристап до Земјата од 6.110.000 километри ќе го достигне на 30 јануари 2024 година.

Два дена подоцна, пристигнува астероид со големина на куќа (неговиот дијаметар е 19 метри), 2024BY. Од овие пет астероиди, тој ќе се приближи најблиску до нашата планета и ќе биде на растојание од 2.530.000 километри. Истиот ден покрај Земјата на оддалеченост од 3.320.000 километри ќе помине астероидот 2003BM4, кој е со големина на авион и има дијаметар од 37 метри.

Друг астероид „со големина на авион“ со дијаметар од 40 метри (2024BP1) ќе прелета покрај нас на 2-ри февруари. Неговото најблиско приближување до Земјата ќе биде 3.420.000 километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП