3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРоверот на НАСА собра податоци кои потврдуваат дека некогаш имало вода на...

Роверот на НАСА собра податоци кои потврдуваат дека некогаш имало вода на Марс

Роверот Perseverance на НАСА собра податоци кои го потврдуваат постоењето на древни езерски седименти депонирани од вода што некогаш го исполнувала кратерот Језеро на Марс, покажуваат најновите истражувања на американски и норвешки научници.

Според истражувањето на научниците од Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес и Универзитетот во Осло, кое беше објавено во петокот, наодите на роботскиот ровер ги поддржуваат претходните податоци кои ги наведоа научниците да теоретизираат дека делови од Марс некогаш биле покриени со вода и може да има живи микроби во тие делови.

Резултатите од истражувањето, објавени во списанието Science Advances, се засноваат на студијата на роверот со големина на автомобил во текот на неколку месеци во 2022 година додека се движел околу површината на Марс, пренесува Ројтерс.

Научник од Универзитетот во Калифорнија, Дејвид Пејџ, рече дека врз основа на звукот на радарскиот инструмент на роверот, е добиен преглед на пресекот на карпестите слоеви на Марс длабоко 20 метри, и тој истакна дека овие слоеви се непогрешлив доказ дека седиментите кои се пренесуваат преку вода биле наталожени во кратерот Језеро.

Пејџ рече дека наодите ги зајакнале сугестиите од претходните студии дека Марс, кој сега е студен, сув и безживотен, некогаш бил топол, со вода и можеби имал живот на него.

Научниците веруваат дека т.н Херезовите седименти на Марс се формирале пред околу три милијарди години. Ровер на НАСА слета на Марс во февруари 2021 година и откри вулканска карпа, а не седиментна, како што се очекуваше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП