14 октомври, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАМВР ќе ги доставува готовите лични карти и дозволи на домашна адреса...

МВР ќе ги доставува готовите лични карти и дозволи на домашна адреса во Скопје

Министерство за внатрешни работи известува дека со цел да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, започна со имплементација на пилот проект на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици.

Од таму истакнуваат дека овој пилот проект се спроведува само во Скопје.

„Исто така, ги известуваме граѓаните дека во сабота (27.01.2024) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ (од 08 до 16 часот)“, велат од МВР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП