2 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАМакедонците почнаа да рециклираат пластика – 20 празни шишиња „продаваат“ за 10...

Македонците почнаа да рециклираат пластика – 20 празни шишиња „продаваат“ за 10 денари

Во последните неколку месеци, на повеќе локации во Скопје се поставени вендинг машини за рециклирање пластични шишиња. Овие машини им овозможуваат на граѓаните да добијат парична награда за секое рециклирано шише. Целта на овој проект е да се поттикне еколошката свест и да се намали отпадот од пластика.

Едно од шишињата кои може да се рециклираат е пластичното шише од 0,5 литри, за кое се добива 0,5 денари. За да се заработат 10 денари, потребно е да се рециклираат 20 шишиња. Ова може да не звучи како многу, но за некои луѓе, тоа е доволен стимулс да се вклучат во рециклажата.

Еден од нив е Борислав Трајковски, пензионер од Ѓорче Петров, кој вели дека во последно време ги собира пластичните шишиња во црна вреќа и еднаш месечно ги носи во најблискиот супермаркет каде што има вендинг машина. Таму ги рециклира и за нив добива пари.

„Не е многу, ама е нешто. Со тие пари можам да си купам леб или млеко. А и добро е за околината. Рециклажата треба да премине во општа пракса. Сите треба да дадеме придонес за чиста планета”, вели Трајковски.

Меѓутоа, не само пензионерите се заинтересирани за рециклажата. И младите луѓе гледаат во оваа активност како начин да заработат дополнителни пари.

Една од нив е Евгенија Васиќ, студентка од Скопје, која објаснува дека наместо да ги фрла шишињата во ѓубре, таа успева да заработи и до 500 денари во текот на два-три месеци.

„Јас секогаш ги носам шишињата во ранец кога одам на факултет или на кафе. Потоа ги рециклирам во најблиската машина и ги чувам парите во една касичка. Така правам заштеда. Мислам дека ова е добра идеја, бидејќи ѝ помагаме на природата и на себеси”, кажува Васиќ.

Вендинг машините за рециклирање шишиња се дел од иницијативата на Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со општините и приватните компании.

„Пакомак“ е првата македонска компанија што во Македонија го воведува светскиот тренд во селектирањето – повратни вендинг машини за собирање пластични шишиња и лименки.

Во наредните неколку години „Пакомак“ планира да постави машини на целата територија на нашата држава со цел машините да бидат достапни за користење од стана на сите наши граѓани.

„Со користењето на повратните вендинг машини покрај придобивките за населението, ќе се воспостави навика за постојана грижа за природата, ќе имаме поодговорни и еколошки совесни граѓани, што претставува клучна алка во развојот на свеста за заштита на животната средина во нашето општество“, велат од компанијата.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП