28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПреку Атлантикот: Кара5 ја отвора својата прва канцеларија во САД

Преку Атлантикот: Кара5 ја отвора својата прва канцеларија во САД

Mакедонската диталната агенција Кара5, позната по децениското предводење на дигитален прогрес во Швајцарија, Македонија и на Европскиот пазар, одбележува ново достигнување со отворањето на своја прва канцеларијa во Њујорк, срцето на најнапредниот дигитален пазар во светот. Овој стратешки чекор, кој се случува истовремено со прославата на 10-годишнината на агенцијата, се совпаѓа со визијата за глобално проширувањe.

Како македонски дигитален пионер со веќе постигнати 90% меѓународни приходи благодарение на долгогодишното успешно предводење на дигиталната еволуција на бројни клиенти во DACH регионот, одлуката на Кара5 за влез на американскиот пазар претставува значителна можност за нивен понатамошен забрзан раст и глобална експанзија.

Со своето децениско дигитално искуство, тим од 20 вработени и проширена мрежа од 50 професионалци кои стојат зад успехoт на агенцијата, Кара5 е во одлична позиција да постигне значаен успех во Њујорк.

Канцеларијата во Њујорк ќе биде предводена од Дејан Ѓорѓиевски, поранешниот маркетинг директор на Порше Македонија. Воден од својата долгогодишна соработка со Кара5, Дејан е ентузијаст да го повтори успехот што агенцијата го има постигнато во Швајцарија – во Њујорк.

“Горди сме што можеме да го објавиме проширувањето на Кара5 во САД! Како една од водечките специјализирани агенции за дигитален маркетинг во Европа, подготвени сме да ги понудиме нашите иновативни стратегии, исклучителен талент и докажана експертиза на американскиот пазар. Возбудени го отпочнуваме ова ново патување и со нетрпение очекуваме да придонесеме бизнисите во САД успешно да напредуваат во дигиталниот свет.“ изјавува Војдан Карапетковски, извршниот директор на Кара5

Отворањето на канцеларијата во Њујорк е повеќе од само проширување, тоа е симбол на нивната амбиција и трајна посветеност кон пионерски напредок.

Извор https://kara5.com/news/crossing-atlantic-kara5-opens-its-first-office-us

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП