2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Nokia“ ќе инвестира 360 милиони евра во Германија

„Nokia“ ќе инвестира 360 милиони евра во Германија

„Nokia“ планира да инвестира 360 милиони евра во софтвер, хардвер и дизајн на чипови во своите фабрики во Улм и Нирнберг во Германија, соопшти компанијата, цитирана од „Market Watch“.

Гигантот учествува во четиригодишниот проект наречен „Важни проекти од заеднички европски интерес“, кој е финансиран од „Nokia“, германското Министерство за економски прашања и заштита на климата и германските покраини Баварија и Баден-Виртемберг.

Финансирањето ќе опфати развој на нов енергетски ефикасен софтвер, хардвер и микроелектроника за идните комуникациски технологии, се додава во соопштението.

„Ова важно финансирање ќе ги поддржи нашите напори за развој на телекомуникациската индустрија во Германија и во Европа, помагајќи да се поттикнат иновациите и да се зајакне конкурентноста“, коментира Томи Вито, претседател на мобилните мрежи на „Nokia“.

„Конкретно, тоа ќе им помогне на нашите истражувања во микроелектрониката, кои ќе ги напојуваат идните технологии како што се 6G, вештачката интелигенција и метаверзумот, и ќе развие мрежи кои се енергетски поефикасни и помоќни“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП