3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕве што е ново на европскиот „Ford Kuga“ (ФОТО)

Еве што е ново на европскиот „Ford Kuga“ (ФОТО)

„Ford Kuga“ што се продава на европскиот пазар конечно добива редизајн, година и пол подоцна од американската верзија „Ford Escape“.

Автомобилот ќе добие нова предна маска, фарови и браник, а севкупно ќе има форма која е малку повеќе како „кутија“ од претходно. Внатрешноста добива 13,2-инчен инфозабавен екран со „Ford’s Sync4“ платформата.

„Kuga“, за прв пат во Европа, ќе го има пакетот опрема „Active“ („Escape“ веќе го има во САД), а ќе биде подигнат за 10 mm напред и 5 mm назад. Исто така, ќе има и нов режим на возење „Trail“, кој е наменет за патување на меки површини како кал или песок.

Централната конзола е нешто поедноставна од претходно, бидејќи добар дел од копчињата се елиминирани, со оглед на тоа што нивните функции сега се интегрирани во екранот на допир.

Во понудата нема повеќе дизел мотори, а основната верзија на моделот има 1,5-литарски „EcoBoost“ мотор со 148 ks, а е поврзан со шестстепен мануелен менувач, додека погонот е на предните тркала.

Покрај овој основен модел, има и хибриден (2,5-литарски бензинец и електромотор) со 178 „коњи“ доколку погонот е на предните тркала или 181 ks ако погонот е на сите четири тркала.

Исто така, тука е и подобрен „plug-in“ хибрид со 2,5-литарски мотор и електромотор, чија комбинирана моќност е 240 ks, а има и автоматски менувач. Забрзува од 0 до 100 km/h за 7,3 секунди, а има автономија до 69 километри благодарение на батеријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП