28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗаспаниот џин се буди: Првиот „De Tomaso P72“ ќе пристигне до крајот...

Заспаниот џин се буди: Првиот „De Tomaso P72“ ќе пристигне до крајот на годината

„De Tomaso P72“ конечно ќе влезе во производствен процес во втората половина на оваа година.

Оваа вест од компанијата ја потврдија на „Instagram“, објавувајќи дека првиот примерок е планиран да биде испорачан пред крајот на 2024-та година.

„De Tomaso P72“ првично беше претставен во 2019-та година, со заоблен дизајн инспириран од автомобилите од 1960-тите, структура од јаглеродни влакна и V12 мотор. За жал, V12 нема да биде во финалната верзија, бидејќи е заменет со „Ford Coyote V8“.

Првично, „De Tomaso“ најави ограничена производна серија од 72 примероци, со почетна цена од 750.000 евра.

Не е јасно дали ги промениле плановите за бројот на произведени единици, ниту пак се знае уште колку примероци од овој хиперавтомобил се достапни за нарачка.

„De Tomaso“ уште во 2022-ра година го претстави P900, кој во суштина е тркачка верзија на моделот „P72“, а се работи за ограничена серија од 18 единици, со V12 мотор и цена од три милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП