5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСмартфоните на Amazon ќе ги прави HTC

Смартфоните на Amazon ќе ги прави HTC

amazon_htc

Според информациите до кои дојде „Financial Times“, „Amazon“ и „HTC“ ќе соработуваат во развојот на смартфонот „Kindle“. Станува збор за вкупно три модели кои на пазарот ќе се појават следната година.

Од трите уреди, еден е веќе во завршна фаза, а доколку развојот продолжи со ова темпо, тој би можел да биде претставен на почетокот на 2014-та година. Двете компании одбија да ги коментираат овие информации, но од „HTC“ изјавија дека се фокусирани на сопствените производи, но и на соработката со мобилните оператори и другите компании. Останува да се види како овој потег ќе влијае на работењето на „HTC“, но во компанијата мораат да ја еволуираат исплатливоста – намалувањето на развојот на сопствената линија на производи за компанијата не е опција.

Иако уредите ќе бидат засновани на „Android“, тие ќе ја користат апликацијата на „Amazon“ и другите нивни содржини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП