7 мај, 2024
ПочетнаСВЕТДали Кина како посредник може да влијае на конфликтот меѓу Иран и...

Дали Кина како посредник може да влијае на конфликтот меѓу Иран и Пакистан?

Кина понуди да дејствува како посредник меѓу Иран и Пакистан поради стравувањата од понатамошна ескалација меѓу двете земји по меѓусебните воздушни напади, објави во четвртокот германската новинска агенција.

Еден ден откако ирански беспилотни летала ги погодија исламистичките борци во прекугранични напади со беспилотни летала, пакистански воени авиони гаѓаа наводни засолништа на националистички сепаратисти во соседен Иран.

Размената на оган меѓу мнозинскиот сунитски Пакистан и шиитскиот Иран ги зголеми тензиите меѓу двете страни, а регионалните сили како Кина и Русија ги повикаа двете земји да покажат воздржаност за да не ескалира дополнително конфликтот.

Пекинг како посредник

Затоа Пекинг понуди да посредува во разговорите.

„Иран и Пакистан се блиски соседи на Кина, пријателски земји и земји со големо влијание, а Кина искрено се надева дека двете страни можат да ја задржат смиреноста и воздржаноста“, рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи.

„Доколку има потреба од двете страни, ние сме подготвени да играме конструктивна улога за да ја смириме ситуацијата“, додаде таа.

Три жени и четири деца се убиени во пакистанскиот напад, објави иранската новинска агенција Ирна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП