6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИлон Маск сака поголема контрола врз Тесла поради вештачката интелигенција и роботиката

Илон Маск сака поголема контрола врз Тесла поради вештачката интелигенција и роботиката

Илон Маск продаде голем дел од своите акции на Тесла пред помалку од две години за да го финансира преземањето на платформата за социјалните медиуми Твитер, сега позната како X, но се чини дека зажали за тоа.

Ексцентричниот милијардер сега тврди дека сегашната „структура“ го прави Тесла ранлив на „преземање од сомнителни интереси“ и сака поголема контрола врз насоката на компанијата, пренесува Би-Би-Си.

„Не се чувствувам удобно да ја проширувам Тесла за да стане лидер во вештачката интелигенција и роботиката без да поседувам 25 отсто од гласачките права“, напиша Маск во објавата на X.

„Ако тоа не е случај, повеќе би сакал да развивам производи (AI) надвор од Тесла“, рече Илон Маск.

„Ако Маск тргне по патот на создавање сопствена компанија (одвоена од Тесла) за неговите проекти за вештачка интелигенција од следната генерација, тоа би било огромно негативно изненадување за Тесла“, напиша Ден Ајвс, аналитичар во Wedbush Securities.

Ајвс вели дека очекува раководството на Тесла да го реши проблемот, но дека во меѓувреме овие коментари ќе генерираат „драма“.

„Понатаму веруваме дека расправиите на Маск за толку важно прашање преку X е далеку од идеален за инвестициската заедница“, додаде тој.

Маск, чиј статус на најбогат човек во светот е директно поврзан со неговиот сопственички удел во „Тесла“, коментира дека сегашното раководство на компанијата е „одлично“. Тој рече дека компанијата чека судска одлука за тужба за неговиот нерешен спор околу платата со цел да претстави нов пакет акции за Маск.

Акционерот Ричард Торнета ја тужеше Тесла поради 10-годишниот пакет компензација што Тесла му го додели на Маск во 2018 година во вредност од околу 55 милијарди долари, а најголемиот дел доаѓа од акции.

Пакетот беше одобрен од повеќе од 70 отсто од акционерите на популарниот производител на електрични автомобили, но во тужбата се наведува дека големите акционери се лично блиски со Маск.

Советодавните групи на акционери се спротивставија на планот како премногу амбициозен.

Маск моментално поседува околу 13 отсто од сите акции на Тесла.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП