28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза објави Годишен билтен за 2023 година

Македонска берза објави Годишен билтен за 2023 година

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.01.2023 – 31.12.2023 година вкупниот промет изнесувал 4.617.690.497 денари и е намален за 37,97 отсто во однос на претходната година. 

Класичното тргување изнесувало 2.890.397.724 денари и е намалено во однос на претходната година за 37,61 отсто кога изнесувало 4.632.839.043 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 2.688.085.959 денари и обврзници во вредност од 183.803.265 денари.

Блок трансакциите во 2023 година изнесувале 1.727.292.773 денари и се намалени за 26,92 отсто во однос на претходната година.

Бројот на трансакции во 2023 изнесувал 11.978 и е намален за 30,66 отсто во однос на претходната година кога изнесувал 17.274.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за 2023 се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема НЛБ Банка АД Скопје.

Годишниот статистички билтен за 2023 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП