1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПогледнете како хуманоидниот робот Тесла ги превиткува алиштата(ВИДЕО)

Погледнете како хуманоидниот робот Тесла ги превиткува алиштата(ВИДЕО)

Илон Маск објави видео на кое се гледа како хуманоидниот робот на Tesla Optimus ги преклопува алиштата.

Tesla, во сопственост на Илон Маск, развива хуманоиден робот наречен Optimus. Маск сега објави видео во кое покажува како роботот пере алишта.

Маск објаснува дека Optimus сè уште не може целосно сам да постави кошула, но сигурно ќе може во иднина (нема да бара фиксен држач за редење, ниту корпа со само една кошула).

Кога ботот на Tesla првпат беше прикажан – тој не беше способен да направи многу. На почетокот на декември, Tesla ја објави втората генерација на роботот Optimus – Optimus Gen 2.

Оттогаш доби бројни подобрувања, па сега оди 30% побрзо во однос на претходната генерација, тежината му е намалена за 10 килограми, доби бројни подобрувања за рамнотежа и контрола на телото, може понежно да користи предмети, има тактилна чувствителност на прстите и многу повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП