27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГолема побарувачка за моделот BMW i3

Голема побарувачка за моделот BMW i3

i3 bmw

Во „BMW“ моментално ги анализираат можностите за зголемување на производството на моделот „i3“, откако за него забележаа голем број на нарачки кои ги надминаа сите очекувања на оваа компанија.

И покрај тоа што овој модел на пазарот нема да се појави до наредниот месец, повеќе од 8.000 купувачи го имаат нарачано овој електричен/хибриден градски автомобил.

Ова навистина е импресивен број кога ќе се земе во предвид фактот дека „BMW i3“ никако не е прифатлив автомобил, кога станува збор за цената, бидејќи за основниот модел потребно е да се одвојат 34.950 евра.

Финансискиот директор на компанијата, Фридрих Ејхинер нагласува дека, доколку побарувачката остане на вакво ниво, тие ќе го зголемат производството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП