3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКорисниците се лути на „YouTube“

Корисниците се лути на „YouTube“

„YouTube“ веќе подолго време се бори со корисниците кои имаат инсталирано блокатори на реклами, а неодамна почнаа да вршат уште поголем притисок врз таквите корисници. За луѓето кои имаат инсталирано вакви програми на своите уреди, а кои досега беа поштедени од некои санкции, „YouTube“ сега значително ја забави работата на своите видео страници.

Компанијата повторно предупреди дека користењето на такви програми е прекршување на условите за користење на страницата, а блокирањето на рекламите што се прикажуваат на нивните страници јасно ја намалува нивната заработка. Иако „Google“ уште порано почна да го успорува пристапот до „YouTube“, неодамна ја проширија оваа тактика на уште поголем број корисници, па се повеќе луѓе пријавуваат проблеми со пристапот до оваа видео услуга.

За многумина, „YouTube“ одеднаш стана многу бавен и страницата не реагира веднаш при кликнување на репродукција на видео, пребарување на видео итн. Причината за тоа, објаснуваат на веб-страницата „9to5Google“, е што „Google“ вметнал „вештачки тајмаут“ во кодот на „YouTube“, кој се однесува како бавна интернет конекција, што ја успорува страницата.

Овој проблем, значи, е исклучиво поврзан со блокаторите на реклами, а корисниците можат да го решат на два начина. Првиот, се разбира, е да ги деинсталирате програмите што ги блокираат рекламите на „YouTube“. Иако многу корисници кои се навикнати да уживаат во видеата без прикажување реклами не сакаат да се согласат со ова, оваа опција е веројатно поприфатлива за нив од другите опции. А тоа е – плаќање.

„YouTube Premium“ овозможува пристап до сите видеа на оваа услуга без прикажување реклами, но тоа е план за претплата кој изнесува околу 10 евра месечно. Достапна е и опција за семеен план, која бара месечна исплата од 14,60 евра и овозможува пристап до пет корисници од исто домаќинство.

Значи, ситуацијата со „YouTube“ е прилично јасна. Ако сакате да гледате видеа како порано, без забавување и долго вчитување видео, ќе мора или да ги деактивирате блокаторите на реклами или да платите претплата.

Според информациите на крајот на минатата година, мнозинството корисници се одлучиле за првата опција, односно деинсталирање на програмата за блокирање реклами. Откако „Google“ почна да го забавува вчитувањето на видеото, во октомври бројот на деинсталирани блокатори на реклами беше над просекот и се зголеми за три до пет пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП