2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Android“ ја добива функцијата „eSIM“, која веќе ја има „iPhone“

„Android“ ја добива функцијата „eSIM“, која веќе ја има „iPhone“

Телефоните со „Android“ наскоро може да добијат функција која ја конвертира физичката „SIM“ во „eSIM“, која веќе е забележана во бета верзијата на „Android 4“.

Физичките „SIM“ картички се повеќе се заменуваат со „eSIM“, а брендовите како „Apple“ и „Google“ веќе ја користат технологијата во нивните телефони.. Моделите на „iPhone“ ви дозволуваат дури и да конвертирате традиционална „SIM“ во „eSIM“, функција која сè уште не е достапна на уредите со „Android“.

Сепак, се чини дека „Google“ работи на функцијата „Конвертирај во eSIM“, која беше забележана во изработката на „Android 14 Developer 1“ на платформата, но сè уште не станала дел од стабилниот софтвер „Android 14“. Сега повторно се појави во најновата верзија на „Android 14 QPR 2 Beta 3“.

Додека „eSIM“ е поддржана на повеќето телефони со „Android“ од високата класа, тие не нудат опција за конвертирање на физичка „SIM“ во „eSIM“.

Дали „eSIM“ е подобра од физичка „SIM“?

Дебатата за „eSIM“ наспроти физичка „SIM“ доведе до различни реакции меѓу корисниците.

Некои јасни предности што ги носи „eSIM“ вклучуваат тоа што не може физички да се оштети или да се дуплира. Нивната мала големина може да им овозможи на производителите да додадат дополнителни компоненти и да имплементираат водоотпорност на уредите, бидејќи нема отвори што ги бара физичкиот слот за „SIM“.

Сепак, има и голем недостаток. Ако сте навикнати да ја менувате вашата „SIM“ картичка помеѓу различни уреди, „eSim“ ќе го отежне тој процес. Наместо едноставно да ја вметнувате картичката, ќе мора да поминувате низ процес на активирање секој пат кога менувате „eSIM“-картички на телефоните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП