3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСè е подготвено за Светскиот економски форум во Давос: Овие се четирите...

Сè е подготвено за Светскиот економски форум во Давос: Овие се четирите клучни теми

Швајцарскиот Давос следната недела ќе ги пречека најважните светски лидери како дел од Светскиот економски форум 2024 година, чиј фокус ќе биде враќање на довербата. Ќе се разговара за глобалната безбедност, создавањето нови работни места, климатските промени и развојот на вештачката интелигенција.

Во срцето на Алпите, тивкиот и живописен швајцарски град Давос се подготвува да биде домаќин на највлијателните светски лидери во политиката и бизнисот, како дел од 54. Светски економски форум, кој ќе се одржи од 15 до 19 јануари.

Програмата на овогодинешниот Давос ќе се фокусира на четири клучни теми за кои светските лидери од светот на политиката и економијата ќе разговараат следната недела.

Поради два воени конфликти, во Украина и во Појасот Газа, главна тема на Форумот ќе биде постигнувањето безбедносна соработка во поделениот свет. Фокусот ќе биде ставен на решавање на актуелните кризи кои се случуваат на Блискиот Исток, но и на меѓународните поделби предизвикани од овие конфликти.

Дополнително, ќе се разговара за создавање работни места и економски раст во новата ера, што се однесува на воспоставување нови економски рамки за стимулирање на растот и отворање нови работни места, со акцент на човековите права во деценијата на потенцијално низок раст пред нас.

Неизбежна тема ќе биде вештачката интелигенција, како движечка сила на економијата и општеството.

Организаторите велат дека ќе се разговара на кој начин оваа технологија може да биде корисна за луѓето, но и за предизвиците за ставање на оваа технологија во законска рамка, а ќе се разговара и за други области како што се 5G и 6G технологијата, како и квантните компјутери.

Откако беше потврдено дека 2023 година беше најтоплата година во историјата на мерењата, долгорочната стратегија за климата, природата и енергијата ќе биде незаменлива тема во Давос. Ќе се дискутира за системскиот пристап кон целта за нулта емисија на штетни гасови до 2050 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП