9 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNike ja претстави новата генерација на FuelBand

Nike ja претстави новата генерација на FuelBand

nike fuel

Најпопуларниот фитнес асистент на „Nike“, нараквицата „FuelBand“, наскоро ќе ја добие својата следна генерација. „FuelBand SE“ ќе добие серија подобрувања, но ќе продолжи да биде компатибилна само со „iOS“ уредите.

Нараквицата ќе поддржува „Bluetooth 4.0“ и ќе е со подобрена отпорност на вода, велат од „Nike“. Дизајнот исто така малку ќе биде променет, па внатрешниот дел на уредот ќе може да биде обоен во различни бои.

Меѓу новите функции е режимот за анализирање и одбројување на времето поминато во спиење. Корисникот треба да го притисне и држи копчето на „FuelBand SE“ 3 секунди за да го активира режимот. На сличен принцип ќе можат да се избираат и активираат и другите режими за следење на различни спортови.

Уредот ќе овозможува чување на резултатите и споделување на нив на интернет. Идејата е дека тоа ќе ги мотивира сопствениците да се движат повеќе во текот на денот.

Продажбата на „FuelBand SE“ ќе почне од 6-ти ноември, но компанијата веќе прифаќа прелиминарни нарачки во својата онлајн продавница. Цената на уредот е 149 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП