Следејќи ги моделите „GT-R“, „Z“ и „Skyline“, „Nissan“ го претстави својот четврти модел „Nismo“ кој нема „SUS“ мотор. „Nissan Ariya Nismo“ го имаше своето деби на Саемот за автомобили во Токио во 2024-та година и го покажа целиот свој раскош.
„Nissan“ планира да го понуди моделот „Ariya Nismo“ во две варијанти.
Основниот модел има 362 ks и вртежен момент од 530 Nm, генериран од пар електромотори со помош на батерија од 66 kW/h. Посилната варијанта има 430 ks и 600 Nm максимален вртежен момент, со поголем капацитет на батеријата (91 kW/h).
Бидејќи е електричен „SUV“, „Ariya Nismo“ не е многу лесен. Најлесната верзија тежи нешто повеќе од 2.000 kg, додека најтешката конфигурација тежи дури 2.200 kg.
„Nissan“ не даде никакви детали за перформансите, а главни ривали за овој модел се „Kia EV6 GT“ и „Hyundai Ioniq 5 N“. Засега, „Nissam Ariya Nismo“ ќе се продава само во Јапонија, а нема индикации кога ќе пристигне на други пазари.