4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТБајден: Хутите се терористичка група, ќе одговориме ако продолжат да се однесуваат...

Бајден: Хутите се терористичка група, ќе одговориме ако продолжат да се однесуваат безобразно

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги нарече јеменските Хути „терористичка група“ откако американски и британски воени авиони, бродови и подморници извршија десетици воздушни напади низ Јемен.

Бајден рече дека Вашингтон ќе им одговори на Хутите доколку продолжат да се однесуваат на начин што, според него, е срамота, пренесува Ројтерс.

Белата куќа претходно соопшти дека САД не сакаат војна со Јемен, но дека нема да се двоумат да преземат дополнителни активности како одговор на нападите на Хутите во Црвеното Море. САД и Велика Британија во текот на ноќта извршија десетици воздушни напади врз позициите на Хутите во Јемен, при што загинаа најмалку пет борци на јеменската милитантна група.

Хутите поддржани од Иран во последните неколку недели напаѓаа бродови на важни водни патишта и гаѓаа беспилотни летала и проектили врз самиот Израел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП