Портпаролот на НАТО денеска објави дека нападите на американските и британските сили против милитантната група Хути во Јемен се „одбранбени и дизајнирани да ја зачуваат слободата на навигација на еден од најважните водни патишта во светот“.
„Силите на Хутите се поддржани, снабдени и опремени од Иран, така што Техеран има посебна одговорност во ограничувањето на своите сојузници“, рече портпаролот на Алијансата, пренесе Ројтерс.

