14 октомври, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАЛичните карти ќе важат и по истекот на рокот, се бара решение...

Личните карти ќе важат и по истекот на рокот, се бара решение за пасошите

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, изјави дека личните карти, кои се за внатрешна употреба, ќе важат и по истекот на рокот за нивна замена, а за пасошите ќе се разгледаат сите опции.

„Ќе ги испитаме сите опции со цел, ако има потреба, да се направи пролонгирање во делот на пасошите бидејќи тие им служат за граѓаните да може да патуваат надвор од земјата“, рече Ковачевски.

Вработените во Министерството за внатрешни работи веќе имаат издадено еден милион и двесте пасоши во државата.

Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Уставниот суд ќе го каже своето мислење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП