4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСмена на врвот на највредни компании: Microsoft го престигна Apple

Смена на врвот на највредни компании: Microsoft го престигна Apple

Microsoft го престигна Apple за прв пат од 2021 година и стана највредната компанија во светот по пазарна капитализација – што ја мери вредноста и бројот на акции на една компанија.

Мајкрософт го надмина Apple за време на тргувањето на Њујоршката берза (NYSE) кога неговата вредност се зголеми за 1,5% на 2,888 трилиони долари. Apple падна за 0,3% со пазарна капитализација од 2,887 трилиони долари.

Акциите на Apple се намалени за 3,3% досега во јануари, во споредба со добивката на Microsoft од 1,8%. Падот на Apple уследи по серијата намалувања и зголемената загриженост дека продажбата на iPhone, неговиот најпрепознатлив производ, ќе остане слаба, особено на клучниот пазар во Кина.

„Кина би можела да биде пречка за перформансите во наредните години“, се вели во белешката до клиентите на брокерската куќа Redburn Atlantic, посочувајќи на обновената конкурентност од Huawei и кинеско-американските тензии кои го зголемија притисокот врз Apple.

Акциите на Apple, чија пазарна капитализација достигна врв од 3,081 трилиони долари на 14 декември, минатата година ја завршија со раст од 48%. Тоа беше пониско од растот на Microsoft за 57%, кој објави алатки за генерирање на вештачка интелигенција (AI) во 2023 година благодарение на поврзаноста со OpenAI, производителот на ChatGPT.

Microsoft накратко го презеде водството пред Apple како највредна компанија неколку пати од 2018 година, последен пат во 2021 година кога загриженоста за недостигот на синџирот на снабдување предизвикан од Ковид-19 ја погоди цената на акциите на производителот на iPhone.

Во моментов, Wall Street е попозитивен за Microsoft. Компанијата нема оценс “продавај” и скоро 90% од брокерските куќи кои ја покриваат фирмата препорачуваат купување на акциите.

Apple има две оценки за „продажба“ и само две третини од аналитичарите кои ја следат компанијата препорачуваат купување на акциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП