3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„ByteDance“ сака да го продаде својот бизнис со видео игри на „Tencent“

„ByteDance“ сака да го продаде својот бизнис со видео игри на „Tencent“

Сопственикот на „TikTok“, „ByteDance“, рече дека е во преговори со голем број потенцијални купувачи за неговите средства за игри, вклучувајќи ја и најголемата светска компанија за видео игри, „Tencent Holdings“. Ова се случува во време кога „ByteDance“ се повлекува од индустријата за игри, пренесува „Reuters“.

Преговорите се во тек, но сè уште не е постигнат договор, изјави портпаролот на „ByteDance“ за новинската агенција.

„ByteDance“ и „Tencent“ разговараат за договор кој вклучува голем број популарни видео игри објавени од одделот „Nuverse“, вклучувајќи ги „Crystal of Atland“ и „Earth: Revival“, откри локалното издание „LatePost“.

Од компанијата „Tencent“ не одговорија веднаш на барањата на „Reuters“ за коментар.

Во ноември, „ByteDance“ рече дека ќе го реструктуира „Nuverse“ и ќе излезе од бизнисот со игри за да се фокусира на други основни потфати. Ова доаѓа пет години откако компанијата одлучи да влезе на глобалниот пазар на видео игри од 185 милијарди долари.

Компанијата престана да работи на необјавени игри и планира да ги напушти насловите кои се веќе на пазарот, изјавија за „Reuters“ извори запознаени со ова прашање.

Гигантот бара купувачи за својата друга гејмерска единица „Moonton“, која ја купи во 2021-ва година, напиша новинската агенција уште во ноември.

Односот за игри на „ByteDance“ со „Tencent“ се загреа по период на жестока конкуренција. „Tencent“ нашироко ја користи рекламната мрежа на „ByteDance“ за да ја промовира својата најнова игра „DreamStar“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП