2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПутин откри од што „заработил доста пари“

Путин откри од што „заработил доста пари“

Долгогодишниот руски владетел Владимир Путин, кој очекува да има нови претседателски избори во март, денеска изјави дека се смета себеси за способен за таа должност и покрај тоа што е веќе (донекаде) стар. Тој изнесе и неколку нови информации од приватниот живот, како и од што „заработил прилично доста пари“.

„Во мене чувствувам сила, енергија да работам за да ги исполнам задачите со кои се соочува земјата“, изјави 71-годишниот Путин за време на посетата на регионот Чукотка на рускиот Далечен Исток, пренесе ТАСС.

Путин нагласи дека е „возрасен маж“ и додаде дека се чувствува како татко кој се радува за успехот на членовите на своето семејство.

Посетата на регионалниот штаб на Анадир е еден од неговите главни јавни настапи во предизборната кампања.

По тој повод Путин разговараше со граѓаните и откри некои детали од приватниот живот.

Рече дека вежба по два часа дневно, но и дека додека бил студент по право го завршил занаетот со столарија. Тој рече дека правел прозорци и заработил прилично пари од тој бизнис.

Путин во таа прилика вети и решавање на регионалните проблеми, вклучително и здравствениот проблем.

Во градот каде што времето е претежно студено, тој посети и стаклена градина за производство на домати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП